СДСМ: Македонија е на нозе, ништо нема да ја спаси бандата на Груевски од одговорност

Од:

„Пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ, платена со пари на граѓаните, преку медиумските курири попусто се обидува да ја сокрие вистината преку ширење невистини.

Лагите на медиумските курири нема да му помогнат на Никола Груевски.

Македонија е на нозе во одбрана на уставниот поредок и законите, во борба за слобода и демократија.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Ѓорге Иванов правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми го бранат криминалoт на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ништо нема да им помогне, правдата ќе ги стигне сите.

Новата страна за иднината, за враќање на слободата, демократијата и правдата е веќе свртена.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата.

Сите граѓани на Македонија заедно се носителите на промените за подобра и сигурна иднина.

Демократијата победува, доаѓа слободна и демократска Македонија“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел