СДСМ: Лични асистенти ќе им помагаат на лицата со попреченост

Од:

„Следејќи ги потребите на граѓаните, особено на лицата со попреченост и нивните семејства Владата предводена од СДСМ и надлежното Министерство за труд и социјална политиките, за првпат во Македонија воведуваат Програма за персонална асистенција на лица со попреченост.

Програмата којашто целосно ќе се финансира од Буџетот на Република Македонија, обезбедува персонална асистенција за 100 лица на возраст од 18 до 64 години, кои имаат потешка или најтешка физичка попреченост или се лица со целосно оштетен вид.

Личните асистенти ќе бидат лица кои ќе поседуваат сертификат за завршена обука за стекнување вештини за лична асистенција, потврдена од Јавната установа Центар за образование на возрасни и ќе им помагаат на лицата со попреченост при извршувањето на нивните секојдневн лични и домашни активности,

За реализација на Програмата веќе се обезбедени 17.500.000 денари од Буџетот на Министерството за труд и социјална политика, а во Оперативниот план за мерки и услуги за вработување за 2018 година предвидени се средства за обука на 100 невработени лица, по што тие лица ќе бидат вработени.

Со ова се решава долгогодишната потреба на лицата со попреченост, и во иднина ќе придонесе за нивно независно и самостојно живеење. Владата предводена од СДСМ продолжува да води грижа за сите категории на граѓани, а преку спроведувањето на зацртаните мерки продолжува да работи на создавање на ефикасен систем на социјална заштита и одговрни институции коишто нудат навремени и ефикасни услуги за сите граѓани“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел