СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за заробена држава

Од:

„Лицемерно и несериозно е ВМРО-ДПМНЕ да зборува за заробена држава, бидејќи Македонија со години беше карактеризирана како заробена држава токму поради нивното криминално владеење.

СДСМ, заедно со мнозинството граѓани ја ослободи заробената држава, а слободата дојде за сите подеднакво, како за либералите и демократите, така и за конзервативците и националистите.

ВМРО-ДПМНЕ е партија заглавена во национализам и поделби. ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во услови на слобода, и затоа и мора да се одважи и да го ослободи своето членство да учествува во демократските процеси.

Мицкоски треба да и се извини на Македонија за тоа што ВМРО-ДПМНЕ ја однесе државата во колапс и во кавга со целиот демократски свет“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат