СДСМ: Лицемерна е грижата на ВМРО-ДПМНЕ и кон граѓаните и кон здравствениот систем

Од:

„На ВМРО-ДПМНЕ воопшто не му е важно ниту за граѓаните, ниту за нивното здравје, ниту за здравствените работници и здравствениот систем.

Како власт оваа партија цела деценија ги потценуваше и манипулираше здравствените работнции, сериозно ги погазуваше правата на пациетнтите и правата на жените со носењето на рестриктивниот закон за прекин на бременоста“, реагира СДСМ на денешниот протест на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како опозиција ВМРО-ДПМНЕ прави се за да го поткопа здравствениот систем и да им отежне здравствените работници.

ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски уште од самиот почеток на пандемијата ширеа лажни вести дека државата немала доволно тестови, дека немало доволно заштитна опрема за медицинскиот кадар.

Први ги кршеа мерките за заштита против коронавирусот, организираа јавни собири, одеа и гледаме дека уште одат во ресторани кои не смеат да работат, а организираа и морбидни перформанси на кои се потсмеваа со починатите и заболени од коронавирусот.

Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ кое денеска организира протести и глуми загриженост за лекарите и пациентите, со 2.000 амандмани ја кочи изградбата на нов Клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги. Толку од „грижата“ на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните го гледаат и ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа шест пати ги казнуваат на избори и затоа ќе продолжат да ги казнуваат, затоа што знаат дека за ВМРО-ДПМНЕ важни се сами личните и партиски интереси, а не интересите на граѓаните и државата“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана