СДСМ: Левица заедно со ВМРО-ДПМНЕ во Карпош работи против граѓаните и ја лаже јавноста

Од:

Советниците од Левица во Општина Карпош на вчерашната седница на Советот гласаа против интересите на жителите на населените места Злокуќани и Бардовци реагираат од СДСМ.

– Советниците на Левица заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ и ГРОМ гласаа за Одлуката да се зголеми надоместокот за градежно земјиште за овие населени места, што претставува директен удар на џебот на населението кое во главно заработува за живот од земјоделството. Покрај ова, Левица ги лаже жителите на Карпош, дека советниците на СДСМ гласале за воведување на зонско паркирање во Општина Карпош. Вистината е дека се регулира таксата единствено за постоечките два паркинга каде веќе има зонско паркирање. Таквата одлука во никој случај не значи воведување на зонско паркирање на целата територија на Карпош, нешто на што СДСМ се противи. Политичката партија Левица е иста како и нејзиниот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ, таа знае само за дезинформации, за лажни вести и политиканство на штета на граѓаните и општините се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: Студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари

А1он

Левица: Работниците во ЈП „Национални шуми“ спротивно на закон се принудени да прифатат цепаници наместо К-15

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ