СДСМ: Лажниот левичар Апасиев делува како продолжена рака на Мицкоски

Од:

Лажниот борец за социјална правда Димитар Апасиев девет месеци е пратеник во Собранието и за целиот тој период нема поднесено ниту еден амандман ниту пак закон во интерес на работниците и работничките права, во интерес на граѓаните. Како продолжена рака на Христијан Мицкоски, исто како пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Апасиев и Крмов кочат закони важни за граѓаните рече на прес конференција Стефан Васев од СДСМ.

„Лажниот левичар Апасиев го немаше никаде кога ВМРО-ДПМНЕ ги кочеше законите за петтиот и шестиот пакет мерки помош за граѓаните, го нема никаде кога се кочи најкапиталната инвестиција во македонското јавно здравство, Клинички центар. Толку од грижата за граѓаните, за работниците од страна на фејк левичарот Апасиев и неговата партија. Кочи закони во Собранието, а зема плата од граѓаните. Згора на се малку му е пратеничката плата па побарал од државата реновинарање на семејната куќа во Велес. Левица е производ на ВМРО-ДПМНЕ и очигледно работат координирано на штета на граѓаните“ – рече Васев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: Намалени акцизите за горивата, ДДВ од 10% останува до крајот на кризата

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Филипче: Обвинителството е под политичка контрола на Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски доцна ги прифаќа мерките на СДСМ – граѓаните веќе ја платија цената