СДСМ: Лагите на Данела Арсовска се разобличени, в недела да се обединиме за Скопје да продолжи напред

Од:

Јавноста ја дозна вистината за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Груевски, Данела Арсовска. Сите нејзини лаги се целосно разобличени. Сѐ што сакаше да сокрие Арсовска излезе на виделина рече на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Овој нечесен, неодговорен однос е потценување на граѓаните и жителите на Скопје. Ваквото однесување е одлика на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ чиј кадар и кандидат е и самата Данела Арсовска. Скопјанки и скопјани нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот. Во недела граѓаните ќе ги поразат остатоците од режимот поддржани од лажните левичари од Левица. Од гласот на граѓаните в недела зависи и мнозинството во градскиот совет. Ништо не е завршено, битката во Скопје е во недела по што ќе видиме кој има реално мнозинство“ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски