СДСМ: Лагата на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав е целосно разобличена

Од:

Лагите на Василевска се целосно разобличени, Мицкоски останува главен извор за лажни вести, реагираат од СДСМ на прес-конфенецијата на Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Христијан Мицкоски и Иванка Василевска мора да се извинат до целата јавност за лагите што бесрамно ги шират со денови.

Лагата на ВМРО-ДПМНЕ за јавната набавка во М-Нав е целосно разобличена.

Откако се потврди дека јавната набавка за М-Нав е реализирана за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на таткото на министерот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Попоски, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба да се извинат за изнесените невистини.

Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ. Белиот дворец останува симбол на лагите и деструкција, Мицкоски останува главен извор на лажни информации и невистини.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он