СДСМ: „Курир“ се уште крие од јавноста како остварува милионски приходи

Од:

Според официјалните документи од Централниот регистер, фирмата што се јавува како сопственик на „Курир“ за период од 4 години остварила приходи во висина од над 1,7 милиони евра, стои во соопштението на СДСМ.

Според нив, додека граѓаните крпат крај со крај и секојдневно ја напуштаат државата заради лошите, криминални политики на ВМРО ДПМНЕ, „Курир“ се полни со милиони евра.

„Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто целосно се ставени во заштита на криминалот на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните.

Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста.

Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија.

СДСМ на чело со Зоран Заев ја започна борбата за Македонија храбро, решително и во интерес на сите нејзини граѓани.

Денес, без разлика на политичка, национална или верска припадност, граѓаните на Македонија се на нозе, во име на демократијата и слободата, за враќање на правдата и слободата на медиумите.

Нема спас за Груевски и неговото друштво. Секој што го прекршил законот ќе одговара“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Медиумски октопод на Орбан како политичка алатка на ВМРО во Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

СДСМ: На македонскиот работник му се потребни 12 години за да заработи колку што чинат часовниците на Мицкоски

Горан Наумовски

За СДСМ, Законот за пушење е дефокус на власта

СДСМ: Изолацијата на Мицкоси во Давос покажа колку му слугува на Орбан

(ВИДЕО) Тренчевска: Без силен член 353, тендерската коалиција ВМРО-ЗНАМ сака слободно да ги дели државните пари на свои фирми

А1он