СДСМ: Курир потврди дека неколку дена по ред тенденциозно ја лаже јавноста

Од:

„Провладиниот портал Курир денеска потврди дека неколку дена по ред тенденциозно ја лаже јавноста.

Со последниот текст Курир потврди дека терминот “бомбона бизнис“ со којшто манипулираат не се однесува, како што тврдеа, на ЕСМ, туку се однесува на продажбата во четири очи, со директна спогодба и специјални привилегии на рафинерија ОКТА на грчка фирма од страна на Георгиевски и Груевски.

Бидејки Курир е фатен во лага, мора да се служи со нови измислици и затоа се денешните пишувања за некакви закани.

Вистината е следна: до главните уредници на Курир и на МРТВ, заменик претседателката Радмила Шекеринска испрати барања за извинување и јавно повлекување на објавените лаги. Очигледно дека оној кој лаже се плаши од вистината.

За лажни пишувања, пред неполн месец Советот за етика во Медиумите во Македонија, веќе еднаш ги осуди тенденциозните текстови на провладините портали Курир, Нетпрес, Прес 24 и уште неколку други, како текстови во коишто се кршат повеќе одредби од Кодексот на новинари.

Јасно ни е зошто им се неопходни овие количини лаги и манипулации, мора да се дефокусира јавноста од блокираните патишта и затрупаните патници, од нестабилниот електро систем и мракот во којшто останаа за празници илјадиници луѓе.

Владата којашто полни 8 години е на власт, 24/7 ја лаже јавноста и бара други виновници за своите неуспеси“, стои во писмената реакција на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски