СДСМ Куманово: Вака ли се грижи државата за институциите?

Од:

„Домот на АРМ го зафати пожар. Еден од порепрезентативните институционални објекти во Куманово, односно беше тоа некогаш. Беа опожарени тамошните простории при што беше направена материјална штета.

Откако овој објект е даден во рацете на користење на Архивот на Македонија и Министерството за земјоделство, Домот на АРМ е претворен во збиралиште на бездомници и наркомани.

Објект што се наоѓа на фреквентен дел во градот, помеѓу кои има стамбени и деловни објекти.

Вака ли се грижи државата за своите институции?

Местото коешто беше гордост на градот, местото каде се одржувале културни и разни други свечености сега е оставено да пропаѓа. Исто како и Пионерскиот дом, Хотелот Ку-Ба за коишто младите социјалдемократи ја информираа јавноста, и овој објект е под директни ингеренции на централната власт.Сите овие објекти се во крајно лоша состојба.

Зошто власта на ВМРО-ДПМНЕ ги остава овие објекти да пропаѓаат?
Зошто не направат нешто за да ги возобноват објектите и да ги стават во услуга и функција на сопствените граѓани?

Така ли ќе се грижиме за нашето наследство? Или и за оваа некој друг е биде виновен”, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он