СДСМ: Криминални договорени тендери се одлика на ВМРО-ДПМНЕ, сите институции работат законски

Од:

„Времето на дебели провизии и наместени тендери заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција

Навикнати на криминал и договорени тендери во здравството кои ги правеа цели 11 години, ВМРО-ДПМНЕ денес шират лажни вести кои се демантирани од надлежните институции.

Трет ден, истата лага одекнува од симболот за лажни вести, белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ, како што тоа беше случај и претходно за различни јавни набавки во здравството.

Релевантните институции како Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал потврдија дека сите јавни набавки на Министерството за здравсто се законски и со тоа ги демантираа лагите од белиот дворец.

Наместо да шират лаги, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се помират дека криминалот, деструкцијата и богатења на поединци на сметка на граѓаните, завршија со нивното заминување во опозиција.

Денес, сите институции работат законски, транспаренетно и во интерес на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците