СДСМ: Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, Мицкоски сам го одбра неговиот кандидат

Од:

Денешната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса, велат од СДСМ во нивното соопштение.

„Антизападниот Христијан Мицкоски сам го одбира неговиот кандидат или кандидатка. Денеска е само официјализацијата.

Тоа го потврдуваат и информациите објавени во дел од медиумите блиски до опозицијата, според кои, на конвенцијата е преполовен бројот на делегати кои се ибрани лично од Мицкоски.

Останува јавноста да види дали некој од кандидатите јавно ќе се огради од деструктивните, анти НАТО и анти ЕУ активности и политики на Никола Груевски и Ѓорѓе Иванов.

Во најмала рака, граѓаните очекуваат оградување од ставовите и осуда на говорот на омраза и поделбата на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО