СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Од:

Илинден е еден од најсветлите празници во македонската историја. Светилник на нашата борба за посебност и независност. И тоа не може да го смени и одземе декларација на која било партија. Во или вон Македонија рече денеска портпаролот и пратеник на СДСМ Дарко Каевски.

– Илинден е дел од секој Македонец и од целиот македонски народ, на 2ри август ќе го прославиме со полно срце и гордост како 120 години до сега. СДСМ ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание во вторник, вели Каевски.

Ова доаѓа откако партијата на екс бугарскиот премиер Кирил Петков поднесе Декларација дека Илинденското востание е бугарско. Се очекува оваа декларација да биде усвоена во следните денови.

Во образложението навеле дека „Илинденско-преображенско востание е венецот на бугарското национално ослободително движење“. Претходно, Петков ветуваше дека историјата ќе ја остават настрана.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби