СДСМ: Конфузното антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ останува заглавено во шемите на Хидро-Мицкоски и Груевски

Од:

„Речникот на антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од антинародниот Христијан Мицкоски покажува дека врвот на опозицската партија е во длабока конфузија, без политички компас и без правец на политичко делување.

Портпаролот на антизападното и антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја промаши адресата, седиштето на оние кои го погазија правото и правната држава е во нивниот скапоцен дворец, симбол на криминалот, изграден во време на најголема сиромаштија и урнисана економија, во кој сега е сместено антизападното раководство предводено од Мицкоски, пионот на носителот на криминалот, Никола Груевски.

Прашањата за концесии, тендери и киловати, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги упати до неговиот шеф Христијан Хидро Мицкоски и да го праша како преку судир на интереси, од Владата на неговиот ментор Никола Груевски добивал државно земјиште за да гради хидроцентрали.

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со волјата на мнозинството граѓани кои се определија за иднина во ЕУ и НАТО. Огромно мнозинство на пратеници ја следат волјата на граѓаните и во Собранието започнаа процес што води кон интеграција во ЕУ и НАТО.

Останатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба да престанат да ги следат погубните политики на Груевски и пионот Хидро Мицкоски, да дадат поддршка за да се заокружи процесот во Собранието што води кон членство во НАТО и започнување преговори за членство во ЕУ“, се вели во реакција на СДСМ на изјавата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот