СДСМ: Конечно слушнавме како звучи сечено-лепено, ама заборавиле да го исечат она „Марш“ на Заев

Од:

„На последниот ден од кампањата за парламентарните избори и официјално зариба машината за лажни вести во белиот дворец.

Конечно цела јавност гледа како звучи сечено-лепено. Во очаен обид да исценира некаков скандал во белиот дворец до толку се занеле во сечењето што на крајот заборавиле да го исечат она Марш од претседателот Заев во разговорот“, велат од СДСМ.

Од материјалот јасно се слуша и гледа дека Заев одбива мито, „јас велам МАРШ“ и влегува во борба со криминалот и корупцијата. Ова е уште една потврда на заложбите на Зоран Заев за градење силна правна држава и нулта толеранција за корупција.

Тоа ќе се потврди и на 15 јули со нив силен пораз за ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, последните бранители на криминалот и одговорност за секој што го прекршил законот!“, се вели во соопштението на СДСМ

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија