СДСМ: Кој шири лажни вести, клевети и невистини, треба да се соочи со одговорноста, ниту Николоски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над законите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ е синоним за лаги, клевети и невистини, но и за корупција, криминал и неправда.

Тоа време помина а сегашното раководство на опозициската партија, по три последователни порази на избори е без идеја, став и без кредибилитет.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и покрај тоа што е осуден за клевета, не се откажува од ширење лажни вести и конструирање неспостоечки случаи, во очајни обиди да ја манипулира јавноста“, реагира СДСМ на изјавата на Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не му веруваат на Николоски, по неговите бројни лаги, како кога јавно тврдеше дека ООН лошо ги оценила владините мерки за справување со кризата, за потоа да стигне реакција од ООН дека организацијата воопшто не ни дискутирала за мерките во Северна Македонија, а не пак да дала некаква оценка.

Николоски тврдеше дека државата нема да добие датум за почеток на преговори со ЕУ, а преговорите започнуваат, тврдеше дека ќе се затвори Дрекслермаер, што беше демантирано од раководството, дека Тутнскиот комбинат во Прилеп работи најлошо досега, а има добивка.

Николовски во 2018 година најави дека ќе се повлече од политиката, а се уште е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината ги демантира лагите на ВМРО-ДПМНЕ.

Кој шири лажни вести, клевети и невистини, треба да се соочи со одговорноста, ниту Николовски ниту ВМРО-ДПМНЕ не се над законите“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК

Николоски: Пендаровски призна дека се среќавал со контроверзниот консултант Асаф Исеин

Катерина Ѓуровски

Николоски: Каде Пендаровски ја донира покачената плата и дали ќе се откаже од привилегиите зошто ќе загуби

Николоски: Го осудувам нападот на Ковачевски врз медиумите, ги повикувам граѓаните да ја следат кампањата и да видат со какви луѓе имаме работа

Николоски: Се уште не сме разговарале за коалицирање пред претстојните избори

Кузеска: Бизнисите им се пред луѓето, скандалот со загинатиот работник поврзан со луѓе блиски до Николовски и ДПМНЕ