А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на Суд

by А1он24/09/2020 - 13:3224/09/2020 - 13:34289
Share0

„Повторно сме сведоци на еден апсурд, а тоа е дека ја малтретираме јавноста и вас и Судот и себе со апсурдни работи кои што ги смислува власта. Имено денес најмоќниот живот во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев ме тужи за клевета. Ова е работа која што не е видена во демократскиот свет иако не може да најдете ни една демократска држава, европска држава, држава членка на Европска Унија каде Македонија сака да стане дел каде што премиерот, најмоќниот човек во државата за политичка изјава тужи за клевета потпретседател на најголемата опозициона партија.

Следете a1on на Instagram Instagram

Ова е невидено, го нема никоја земја членка на Европската Унија. Да е апсурдот поголем, ме тужи за работи кои што се јавно познати и коишто доколку не се согласува може да пушти еден едноставен демант. Се работи за моја изјава дадена на крајот на август 2019 година, значи нешто повеќе од една година кога се развиваше случајот познат во јавноста како „Рекет“ кој што има веќе и судска завршница сега во Основен Суд во која што изјава тогаш за јавноста јас сподели дека до нас доаѓаат сознанија согласно кои што сознанија се изрекетирани бизнисмен кои што во јавноста тогаш се тврдеше дека се работи за само еден бизнисмен, дека се изрекетирани многу повеќе средства од тие средства кои што тогаш беа споменувани во јавноста дека се работи за една сума однекаде од над 20 милиони евра и дека таа операција не може да ја завршат двајца или тројца луѓе, дека е добро организирана операција и дека на врвот на таа пирамида стои Зоран Заев и СДСМ“, рече Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Времето коешто дојде после таа изјава ги потврди овие мои наводи во јавноста. Да е апсурдот поголем, јас иста таква изјава дадов и на 10 август 2019 година, значи некаде 18 дена пред да ја дадам изјавата за која што сум тужен.

Таа изјава на ниеден начин не беше демантирана од страна на Зоран Заев, на СДСМ како политичка партија или на владата што ме наведе да помислам дека се работи за вистинита изјава и ако видите во тужбата, не се успорува првата изјава затоа што господата претпоставувам заборавиле да демантираат или немале што да демантираат, туку ја успоруваат втората изјава.

Следете a1on на Youtube YouTube

Се работи за еден апсурд, јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Имено знаете дека исто така за клевета ме тужеше и Вице Заев, сега ме тужи и Зоран Заев. Вице Заев ме тужеше за тоа дека е главен бизнис фактор во државава и е главен бизнис фактор во државата, тоа го знаат сите. Сега Зоран Заев ме тужи за случајот „Рекет“, кој што веќе има јасна завршница во јавноста. И од таа страна не можам навистина да ја разберам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Ако е целта да ме замолчат мене или да го замолчат ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека грешат, дека си прават контра услуга и мислам дека ова е најлошиот пат кој што го избрале. Политичари не можат да тужат политичари. Тоа е пракса на Европскиот суд за човекови права, јас сум навел многу пресуди во Европскиот суд за човекови права, вклучувајќи и една од висок нивен функционер, а тоа е Јани Макрадули против Република Македонија.

Значи кога беа опозиција овие работи кои што сега ги прават на опозицијата не им чинеа, ама сега кога се власт ги прават истите, па слушнав дека адвокатот на Зоран Заев ја спори таа пресуда на Европскиот суд за човекови права која што е во корист на Јани Макрадули, значи кога имаат лична корист се спремни и да одат против сопствените членови. Она што исто така е забележително и во претходниот и во овој случај е дека, како што не се појави Вице Заев на рочиштето на кое ме тужеше за клевета, на ист начин денес Зоран Заев не се појави на рочиштето на коешто ме тужи за клевета, напротив избра да испрати адвокат од најскапата адвокатска канцеларија во Македонија, а јас еве повторно решавам да се бранам сам затоа што веројатно онаму каде што е вистината нема потреба од адвокати, а онаму каде што не е вистината има потреба од скапи адвокати. Благодарам и се надевам дека во овој судски процес ќе ја докажам вистинитоста на мојата изјава“, соопшти Николоски.

aleksandar nikoloskiZaev

Би можело да ве интересира

Николоски: Правиме се што може за да им помогнеме на превозниците, склучуваме билатерални договори со земјите кои се дел од Шенген зоната

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 12:14

Николоски: По две години работа, Коридорот 8 станува реалност

Горан Наумовски06/08/2026 - 11:0006/08/2026 - 15:21

Николоски: Невозможни се барањата на нискобуџетната „Рајан ер“

Катерина Ѓуровски17/05/2026 - 13:1217/05/2026 - 14:05

Николоски: Скопскиот и охридскиот аеродром лидери во регионот

Предраг Петровиќ18/04/2026 - 10:1618/04/2026 - 10:18

Николоски: Решение за транспортерите со ЕУ е на повидок

Горан Наумовски05/04/2026 - 12:02

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски19/02/2026 - 09:4419/02/2026 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео