СДСМ: Кој е кумот на новото задолжување?

Од:

Скандалозно, темпото на задолжување на државата под команда на Груевски продолжи дури и кога Министерството за финансии немаше министер. Министерството за финансии во текот на вчерашниот ден објави проспекти за аукција на државни хартии од вредност што значи ново задолжување на домашниот пазар. Во чие име, и со чиј потпис и согласност вчера Министерството за финансии ги објави проспектите за новата аукција закажана на 21.06.2016, велат од СДСМ.

„Поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески има депонирано оставка на 14.06.2016, а новиот кандидат за министер вчера кога беше најавена аукцијата сеуште не беше официјално именуван во Собранието на Р.Македонија.

Дали тоа значи дека Ставрески сепак пред да замине со свој потпис отворил пат за ново задолжување?

Дали Ставрески ако не го направил ова, дал овластување потпис да стави заменик министерот за финансии во негово име?

Или ако Груевски се дрзна да издаде државна тајна и јавно да го најави задолжувањето преку нова еврообврзница, можеби Груевски го фатил кормилото во Министерството за финансии па ги потпишал проспектите за ново задолжување на граѓаните и државата.

Бидејќи кумот Ставрески се повлече, Груевски е должен да им објасни на граѓаните кој е кумот на новото задолжување.

Ќе има промена на власта и сите злоуптреби врз грбот на граѓаните ќе бидат откриени, а инволвираните ќе мора да ја понесат својата одговорност“, стои во соопштението на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Би можело да ве интересира

Каранфилова –Пановска од Неготино: Програмата на Мантев со низа мерки за лицата со попреченост

СДСМ: Мицкоски и Петрушевски со лаги го покриваат бугарскиот капитал на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Државата пола ни се исели, а тие за загари, орли и врапчиња зборуваат

А1он

Шукова: Градот го претворија во џунгла

А1он

Филипче: Кога една власт ја губи довербата од народот, тогаш измислува непријатели

А1он

(ВИДЕО) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ врши груба злоупотреба на институциите за избори, началници на МВР на партиски на состаноци

Горан Наумовски