СДСМ: Кога власта се рекламираше дека ќе отпишува долгови, не соопштија и дека ќе удри со ДДВ

Од:

Принудена, партијата на Груевски го призна потегот што го сокри од граѓаните. Тоа е дека тогаш, кога се рекламираа дека ќе отпишуваат долгови, не соопштија и дека ќе удрат со ДДВ и по малите дуќанчиња и фирми, што едвај преживуваат. Како што не ги соопштија ни низата поскапувања што речиси секојдневно ги вознемируваат граѓаните, реагира СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во каква состојба ги донесе власта на Груевски граѓаните и фирмите, говори податокот од Народна банка за блокирани 206.687 сметки на физички и правни лица во јуни. Дури 23.808 повеќе од месец мај! Додека истата таа власт, на Груевски, ја има привилегијата да доцни со години со повратот на ДДВ-то. Нека одговорат ВМРО-ДПМНЕ и Груевски, дали и ова го има во Германија, Белгија, Кипар, Естонија? Каде се европските искуства во политиките на Груевски изминативе 8 години“, прашуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он