СДСМ: Кога Мицкоски е фатен во криминал, тоа е дестабилизација

Од:

Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фатени во криминал, одговорот е ист – зборуваат за „дестабилизација“.
Наместо конкретни одговори, наместо постапки, јавноста добива излитени фрази и сценарија за страв и хаос. Тоа е истиот рецепт на неговиот ментор Груевски “А војна да направиме” – кој се слушаше во „бомбите“, кога се обидуваа да прикријат криминал со криза, велат од СДСМ.

– Мицкоски зборува за дестабилизација, додека негови функционери и коалициски партнери се фатени во урбан мафијашки скандал со над 150 дивоградби во Чаир. Прашањата се јасни: Зошто Мицкоски не побара оставка од вице-премиерот Арбен Меџити, додека трае истрага за дивоградбите кои тој ги поставувал пред својот наследник? Зошто Панче Тошковски одбива да отвори истрага против Меџити и Висар Ганиу? Кој интерес стои зад заштитата на урбаната мафија од страна на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто Мицкоски молчи за 150 нелегални објекти и се заканува со „дестабилизација“? Одговори нема. Наместо тоа, Мицкоски повторно се заканува со хаос – наместо да се соочи со реалноста и да расчисти со криминалот во сопствените редови. Граѓаните веќе препознаваат: кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за „дестабилизација“, тоа значи едно – некој од нив повторно е фатен на дело. СДСМ нема да дозволи заканите и сценаријата на Мицкоски да бидат параван за криминал и прикривање на одговорност, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

Мицкоски: Филипче е во состојба да продаде се само за да стигне до фотелја

А1он

Цената на струјата останува иста до крајот на годината

(ВИДЕО) Мицкоски: Направен е упад и киднапирано е лице кое е бегалец од правдата, ова нема вака да заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он