СДСМ: Коце од Панорамското тркало ќе го гледа појадокот на Камени мост

Од:

Панорамско тркало во Вардар, вредно над 18 милиони евра, е врв на раскошот и луксузот на Коце Трајановски, градоначалник на главниот град на најсиромашната држава во Европа, реагира СДСМ по најавата дека ќе почне изградбата на Панорамското тркало во реката Вардар, во центарот на Скопје.

„Се надеваме дека Коце Трајановски додека се вози на Панорамското тркало, со удобни гумени чизми, ќе помисли на илјадниците наши сиромашни сограѓани кои се принудени да дојдат на бесплатниот доручек кој го организира секоја година на Камениот мост“, реагира СДСМ.

Според партијата, во услови кога Скопје се поплавува при секој посилен дожд, кога Скопје е вториот најзагаден град во Европа, кога нема пари за средно училиште во Аеродром, кога сите жители на градот немаат обезбедено вода и канализација, кога граѓаните мизеруваат, Коце Трајановски потпишува договор за Панорамско тркало од 18,5 милиони евра. Во исто време зема и кредит од 7,5 милиони евра за зграда за ЈП „Водовод и канализација“.

СДСМ во континуитет ја оспорува воопшто потребата од изградбата на 18-милионско Панорамско тркало во Вардар.

„Без разлика кој е изворот на парите, дали градот или Владата, овие средства, на Скопје му се многу понеопходни за проширување на капацитетот на атмосферската канализација, за мерки за намалување на загаденоста на воздухот во градот, за замена на канцерогените азбестни водоводни цевки со нови, за подземна сообраќајница, за повеќе средни училишта, за воведување на целосно бесплатен јавен превоз за студентите и многу други продуктивни мерки“, предлага опозицискиот СДСМ.

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема