СДСМ ќе вложува во здравјето на граѓаните

Од:

Новата влада на СДСМ ќе го реши проблемот со недостиг на гинеколози во повеќе градови во Македонија. Наместо да ги расфрламе парите за тркала и лажен барок, финансиски ќе ги мотивираме постоечките гинеколози да пружаат гинеколошка здраствена услуга во градовите во кои немаат гинеколог, рече Гоце Чакаровски, претседател на комиисијата на здраство на СДСМ.

Ова ќе обезбеди решение веднаш, а не како ветувањата на Никола Тодоров, кои нудат решение дури за 6 години. Ако власта навистина се грижеше за здравјето на родилките и новороденчињата, немаше да дозволи во овие 10 години да испушти две генерации гинеколози, па сега на крајот на мандатот да нуди решенија.

Во моментов дури 40 општини во Македонија се без матичен гинеколог. 8.000 жени од Шуто Оризари повеќе од 5 години немаат матичен гинеколог. Во многу места жените треба да патуваат и до 20 километри за да појдат на гинеколошки преглед. Општините без матичен гинеколог, имаат најголема смртност на новороденчиња. Такви се Берово, Дојран, Пехчево, Валандово. А во дел од општините воопшто не се вршат породувања. Се работи за Ресен, Неготино, Валандово, Крива Паланка, Кратово, Крушево, Македонски Брод, Шуто Оризари. 

СДСМ ќе вложува во на нови специјалисти, но веднаш по доаѓањето на власт финансиски ќе ги мотивира постоечките гинеколози да пружат здраствена заштита во поедини градови.

Императив на новата влада ќе биде да се намали смртноста на родилките и новороденчињата во земјата.

По 11 декември капитална инвестиција на новата влада на СДСМ ќе биде образование на специјалисти и здравјето на граѓаните.

Ќе вложуваме во здравјето на граѓаните а не во гипс и стиропор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он