СДСМ ќе учествува на утрешната координација кај спикерот на Собранието

Од:

Ваквата одлука на СДСМ доаѓа откако собранискиот спикер Трајко Вељаноски најпрво реши да не го прифати списокот на пратеници од опозицискиот блок предводен од СДСМ што би се обратиле на утрешната седница, на која треба да се гласа за доверба на Владата на премиерот Никола Груевски иницирана токму од опозицијата, за претпладнево да го врати.

Редоследот на пратениците од опозицијата што ќе говорат на вонредната седница СДСМ го доставил утрово како што е утврдено за седници за пратенички прашања и интерпелации.

Според списокот, прашањето зошто треба да се гласа за недоверба на Груевски прва требало да го образложи Радмила Шекеринска, следувале Гордан Георгиев, Наташа Савова и Игор Ивановски. Потоа следуваат 32 опозиционери, а требало пред одговорот на Груевски пред полноќ да го заврши Стојко Пауновски.

Вељаноски го одби ваквиот распоред со образложение дека и распоредот и редоследот на седница на која се гласа за доверба на влада се утврдуваат на посебна координација според Деловникот.

„Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратеници што не се организирани во пратеничка група, а кои ќе учествуваат во претресот по прашањето за доверба на влада се определува со договор на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи пред почетокот на седницата”, пишува во одговорот на Вељаноски до СДСМ.

Според СДСМ ова било обид на претседателот Вељаноски за опструкција на утрешната расправа по налог на Никола Груевски.

„Принципиелниот став на опозицијата за неучество на понеделничките координации останува. Но, во исто време нема да дозволиме со евтини трикови од техничко – деловнички карактер да се опструира утрешната расправа за доверба на владата, која да Ве потсетам е Уставно загарантиран механизам”, рече Јани Макрадули од СДСМ.

Kоординацијата е закажана за утре во 10.30 часот, за кога од опозициската СДСМ најавија учество на еден координатор .

СДСМ и другите опозициски партии во парламентот со месеци ги бојкотираат редовните собраниски координации, но образложението од кабинетот на собранискиот спикер е дека оваа координација нема врска со другите координации и е деловничка обврска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно лажеше и остави луѓе да се трујат

Андоновска: Судијката Алексовска Стојановска, која го пушти Васил Јованов убиецот на Фросина во Поправен дом наместо во затвор, во својот дом имаше партиски штаб на СДС

СДСМ: Три месеци по ред се намалува просечната плата – стандардот на граѓаните опаѓа

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ДПМНЕ дел од шумската мафија

Предраг Петровиќ

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија

ВМРО-ДПМНЕ: Kандидати за советници od СДС од Струмица крвнички тепаат странски државјани

Предраг Петровиќ