СДСМ: Ќе соопштат ли ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски став за референдумот?

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ниту денеска ли нема да кажат јасен став за референдумот и најзначајното прашање во историјата на независна Македонија?

Опозициската партија ќе продолжи да измислува, да манипулира и да шири лажни вести за најразлични прашања, тоа е сигурно.

Но ќе соопшти ли јасен став за најважното прашање?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со недели измислуваат сè и лажат за сèшто, само за да не го искажат ставот за референдумот за македонската иднина.

Граѓаните се цврсто определени за напредок и интеграција.

Граѓаните се определени за влез во ЕУ и НАТО со заштитен македонски идентитет.

Граѓаните се определени за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Македонија оди напред и враќање назад нема“ се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он