СДСМ: Ќе се надмине ли Мицкоски да се извини за штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

„Штетите предизвикани од 11 годишното криминално и расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ се санираат, а економијата се стабилизира и се движи во добар правец.

Економските параметри ги демантираат празните зборови на Мицкоски. Факт е дека само последните месеци од криминалното и расипничко владеење на партијата на Мицкоски резултираа со пад на економијата од 1,3 отсто во првиот квартал од 2017 година. Со успешните политики на Владата предводена од СДСМ, таа состојба беше надмината и во последниот квартал од 2017 година, забележан е раст од 1,2 отсто.

Индустриското производство во јануари 2018 бележи раст од 8,4 отсто во споредба со истиот месец од 2017 година, а стапката на невработеност во последниот квартал од 2017 изнесуваше 21.9 отсто, што е помалку во однос на истиот период од 2016 година, кога изнесувала 23,1 отсто. Истовремено, со зголемувањето на минималната плата на 12.000 денари околу 90.000 граѓани добиваат поголема плата. Трајно се реши проблемот на 5.000 стечајни работници и обезбедена е егзистенција за овие семејства.

Ќе се надмине ли Мицковски да се извини за пустошот во економијата, осиромашените граѓани и огромните долгови што ВМРО-ДПМНЕ ги остави после 11 годишното криминално владеење?“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел