(ВИДЕО) СДСМ ќе поднесе кривични пријави за функционерите учесници во партиско-полицискиот пуч

Од:

Опозициската СДСМ денеска најави дека ќе поднесе кривични пријави за сите државни функционери кои, како што оценува, „учествувале во партиско полицискиот пуч што бил спроведен во Собранието на Република Македонија“.

Потпретседателката на партијата Ана Павловска-Данева на прес-конференција информира дека правен тим на СДСМ  прави сериозна анализа, ги разгледува сите околности за утврдување на фактите и врз таа основа ги подготвува сите кривични пријави што ќе бидат поднесени.

Според Павловска-Данева, фактите што досега биле неспорни создавале основани сомневања дека претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, со преземање одредени дејствија го прекршил  Уставот, Законот за Собранието и Деловникот на Собранието.

Почнувајќи од начинот на кој се спроведе усвојувањето на Буџетот за 2013 година, до одговорноста за насилството кое врз нас пратениците го спроведе полицијата пред два дена во законодавниот дом, одговорноста е кај Трајко Вељаноски и Гордана Јанкулоска како директно надлежни, рече Павловска Данева.

Остранувањето на новинарите од страна на обраниското обезбедување, како што посочи, е прекршување на член 70 од Уставот на РМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски