СДСМ: Ќе ја одблокираме препораката, Македонија ќе биде вистинска европска земја

Од:

Катастрофалните политики на Никола Груевски и фамилијата ја држат Македонија заглавена во евроинтеграциските процеси веќе осма година по ред. Поради коруптивната и неодговорна власт повторно добивме условена препорака за почеток на преговори со Европската Унија, велат од СДСМ.

Во Извештајот јасно се посочува дека корупцијата е широко распространета и се уште претставува сериозен проблем за земјата, а судството сериозно назадува заради постојано мешање на политиката во неговата работа.

И Европската Комисија ги потврди тврдењата на СДСМ и експертската јавност дека економијата не напредува, јавниот долг продолжува да расте, намалена е конкурентноста на приватниот сектор, младинската невработеност е голема, нема инвестиции во инфраструктурата…

Еден од условите за да се одблокира препораката за почеток на преговорите е спроведувањето на итните реформски приоритети од Извештајот на Прибе, а оваа власт не покажа ниту волја ниту желба да ги спроведе. 

Граѓаните имаат цврста определба и иднината на Република Македонија ја гледаат во Европската Унија и НАТО. 

На 11 декември заминуваат промашените и криминални политики на Никола Груевски кои ја одалечија државата од европските интеграции и го загрозија нормалниот живот на граѓаните во земјата. Македонија ќе се врати на вистинскиот пат и ќе биде вистинска европска земја. Македонските граѓани ќе живеат во Европа без да се излеат од Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он