СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во Струга и Кичево ако има заедничка советничка листа

Од:

СДСМ е подготвена во Струга и во Кичево да ги поддржи кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, но во исто време, бара тие да ја поддржат нејзината советничка листа, односно таа да биде заедничка, на двете партии, истакна Игор Ивановски, шеф на изборен штаб на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, посочи дека на тој начин членовите и поддржувачите на двете партии ќе гласаат за пакетот градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и заедничка листа на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние сме подготвени на тоа, ќе видиме како од другата страна ќе одговорат. Имајќи ја предвид специфичноста на некои општини, конкретно на Струга и Кичево, и во духот на внатрепартиската демократија и почитување на желбите на нашите членови и поддржувачи од овие општини, одлуката за Кичево и Струга ја децентрализиравме и оставивме нашите општински организации да ја донесат, рече Ивановски.

Прашан за тоа кои ќе бидат предлозите на СДСМ за членови на анкетната Комисија за утврдување на одговорноста за настаните од 24 декември, тој рече дека направиле консултации за двајца нивни членови и оти се подготвени да ги достават кога ќе биде побарано.

– До овој момент нема иницијатива од страна на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов за избор на петтиот, некои би рекле, најважниот претставник на оваа комисија.

Првиот предлог на Ѓорѓе Иванов сега претрпи измена, па петтиот член на таа Комисија треба да биде избран со заедничка согласност и консензус меѓу политичките партии, а не да биде некој политички или партиски претставник, посочи Ивановски.

Би можело да ве интересира

Матните времиња во енергетскиот сектор завршија со заминувањето на СДС и ДУИ во опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

ВМРО-ДПМНЕ: Ги градиме темелите на промените, доаѓа времето на Македонија

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

ВМРО-ДПМНЕ: Апасиев да каже колку пари зел од своите тогашни шефови, денес главни фигури во обвинителството?