СДСМ: Ќе формираме влада која уште попосветено ќе работи во интерес на граѓаните

Од:

СДСМ најавува формирање Влада предводена од оваа партија, која како што велат оттаму, ќе работи уште повеќе и уште подобро и го испорача резултатот кој го очекуваат граѓаните.

-Поддршката на предвремените парламентарни избори од граѓаните е ветер во грбот и јасен сигнал за продолжување на патот кој го трасиравме. Парите да завршуваат кај граѓаните, да има правда, да бидеме дел од европското семејство, велат од СДСМ денеска во соопштение.

Со победа на СДСМ и коалицијата, потенцираат од партијата, граѓаните недвосмислено потврдиле дека сакаат државата да продолжи напред.

-Нема повеќе враќање назад, нема повеќе режим, неизвесност и несигурност. Граѓаните сакаат да живеат во економски напредна држава со европски вредности дома, држава во која законите се еднакви за сите и држава горда членка на НАТО и рамо до рамо еднаква со најмоќните земји во светот. Следува формирање Влада предводена од СДСМ која ќе испорача резултати согласно волјата на граѓаните, велат од СДСМ.

Државната изборна комисија викендов на јавна седница ги објави конечните резултати од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 15 јули. Според конечните резултати, Коалиција „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ освои 44 мандати, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

На свечена седница, после соопштување на официјалните резултати, ДИК им ги додели уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав од изборите одржани на 15 јули. На седницата не присуствуваа претставници на Левица, ДПА и Алијанса за Албанците.

Од Комисијата информираа дека по завршување на свечената седница, во просториите на ДИК уверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, биле подигнати од страна на нивниот овластен претставник. До денеска не им се врачени уверенијата на пратениците од ДПА и Левица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Поднесуваме нова претставка за навредите и омразата на Бранко Героски

Предраг Петровиќ

СДСМ: УЈП собира арач – фали една милијарда евра во буџетот

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски