СДСМ Кавадарци: Ќе го продолжиме отпорот против оваа недемократска власт

Од:

СДСМ и Сојузот за иднината изминатата недела манифестираше отпор пред дел од институциите во Кавадарци и тоа пред Собранието на град Кавадарци, пред Министреството за труд и социјала и пред Јавното комунално претпријатие.

„И покрај психолошкиот притисок од страна на МВР, СДСМ ќе продолжи и ќе го интезивира отпорот врз оваа недемократска народна власт. Всушност нема потреба МВР да не слика затоа што ние секој ден при нашите активности ги повикуваме локалните телевизии. Сакаме уште еднаш да образложиме зошто ние на овој начин, со едночасовно блокирање на инситуциите манифестираме отпор.

Имено, локални избори распишува парламентот. Парламентот преку Трајко Вељановски како претседател на парламентот распиша локални избори на 4 јануари 2013, а истите ги закажа на 24 март 2013 година.

Во тој момент опозицијата беше исфрлена од Парламентот со што се направи преседант непознат во историјата на македонската и светската демократија, што значи парламентот нема легитимитет од 24 декември па наваму, а со тоа и институциите немаат легитимитет. Затоа ние протестираме на мирен начин пред институциите со цел да се свестат Вмровците дека неминовно е распишување на предвремени парламентарни избори како услов за учество на опозицијата на локални избори.

Во овие 30 дена Груевски сите сили ги насочи кон создавање на вештачка опозиција. Како резултат на тоа се подесија неколку кандидатури за Градоначалници и советнички листи. Ако се тие вистинска опозиција и ако имаат капацитет за политичка борба со ВМРО – ДПМНЕ ги прашуваме зошто не излезат во јавноста да изреагираат и како опозиција да поднесат пријави и обвиненија за прекршување на изборниот законик од страна на актуелниот градоначалникот и кандидатите за советничка листа на ВМРО-ДМПНЕ, со одржување на состаноци во јавните претпријатиа и државна администрација и тоа во работно време, пред законски почеток на кампања при тоа правејќи им невиден притисок врз неистомислениците, а со тоа направија скандалозен прекршок на член 7 од законот за средно образование кој гласи:

Во средното училиште е забрането секакво политичко и верско организирање и дејствување.

Веројатно ова не беше доволно, па во наредните неколку дена, горенаведените посетија уште неколку институции во градот ( УЈП, Водостопанството, Агенција за вработување и други институции) и на истиот начин, политички промовирајќи се вршеа притисок и сеење на страв. Сето ова се одвива пред 4 март, односно пред почетокот на официјалната кампања, па замислете на што се спремни понатаму. Тој притисок е исто така во последните денови силно изразен и врз бизнисмените и сопствениците на дуќани, преку закани дека доколку не излезат на гласање ќе имаат последици.

Тоа е, уште еден од досега безброј примери на закани и уцени од страна на ВМРО-ДПМНЕ врз сопствениот народ но во истовреме и мотив на граѓаните да им покажат и докажат дека личното достоинство и личниот интегритет е поголем од било кое заканување и правење притисок. СДСМ ги извести ОБСЕ и ОДИХР, а ги повикува и сите други надлежни институции во Македонија, да покренат постапки за казнување на прекршителите на изборниот закон“, велат од СДСМ Кавадарци.

 

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски