СДСМ: Каракамишева ли ги пишува прес-конференциите на ВМРО-ДПМНЕ, па затоа само тие не го признаваат успехот во евроинтеграциите?

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски останаа единствените кои не го признаваат успехот и најпозитивниот Извештај на Европската комисија и гласно навиваат да не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ.

Низ јавните настапи на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ делува како Тања Каракамишева, советничката на Мицкоски, почнала да ги пишува прес конференциите на опозициската партија каде јавно велат дека се против процесот на интеграција.

Таквото однесување не изненадува ако се знае дека денешните соработници на Мицкоски, како Каракамишева, Александар Николовски и Антонијо Милошоски беа дел од режимот на Груевски кој 11 години ја држеше државата заробена во изолација, криминал и сиромаштија.

За само две години, од заробена држава денес сме светол пример во регионот. Колку и да е нприфатливо за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, нашата држава е де факто 30та членка на НАТО и доби кристална безусловна препорака за почеотк на преговорите со ЕУ.

Граѓаните избраа иднина, интеграции, повисоки плати, професионална администрација и кажаа НЕ на деструктивноста, изолацијата, сиромаштија, и антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ со прашање до ВМРО: „Дали сте вие нормални?“

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

СДСМ: Последната фаза од кампањата на ВМРО – Репресија и политички прогон

Горан Наумовски

СДСМ: Следите, а не објавуваве фотографии од Дубаи, затоа што ги нема

Политичка прозивка од ВМРО-ДПМНЕ: Нова година по дубајско време