СДСМ: Кандидатот на Мицкоски нека се подготви за пораз

Од:

„Кој заедно со Христијан Мицкоски ќе застане против ЕУ и НАТО, против иднината и напредокот на Македонија јавноста брзо ќе дознае.

Она што е очигледно е дека конкурсот за избор на таков кандидат е една обична фарса на антизападната ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски лично го бира негов фаворит.

Кој и да биде кандидатот на Мицкоски може само да се подготви за пораз на претстојните избори.

Граѓаните нема да дозволат нов Иванов, нема да дозволат нова антизападна марионета на Мицкоски и Груевски.

Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори е со единствена цел, Мицкоски да ја распушти пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која очигледно не го поддржува во неговите погубни политики.

Тоа се докажа и преку неуспешната интерпелација за министерот за надворешни работи којашто едвај 20 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа.

Кога ќе има парламентарни избори не зависи од расположението во скапоцениот дворец, туку од интересите на државата и граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нека се спремаат за пораз на претседателските избори, нека се спремат за пораз и на парламентарните избори, кога и да се одржат.

Граѓаните одбраа иднина во ЕУ и НАТО и нема да дозволат нов Иванов или Груевски да ги вратат во темното минато“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски