СДСМ: Кандидатката на Груевски е иста како него, Данела е против покачување на минималната плата, против работниците

Од:

„Кандидатката за градоначалник на Град Скопје Данела Арсовска е иста како нејзиниот ментор Никола Груевски, се противи секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните. Додека минималната плата постојано растеше, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска беа против секое ново покачување“, соопштува СДСМ.

„За Арсовска зголемувањето на минималната плата било вештачко, ќе довело до колапс на илјадници претпријатија, а економијата тоа не можела да го поднесе.

Арсовска, кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ, без срам и перде се обрати на „Текстилијада“ да зборува за работнички и женски права.

Токму текстилните работнички имаа најголема придобивка од минималната плата, затоа што вработените во оваа индустрија како и вработените во кожарската и чевларската индустрија со години добиваа плати кои беа под законскиот минимум, односно под 9.000 денари.

Во изминатите четири години СДСМ минималната плата ја покачи за над 6.000 денари, од 9.000 на 15.200 денари. Со ревитализација на економијата и успешното надминување на последиците од коронакризата, намерата е минималната плата до крајот на годината да изнесува 18.000 денари.

Тоа е двојно или стопроцентно зголемување во однос на 2017 година. Денес, фактите ја демантираат Арсовска. Нема изгубени места поради повисока минимална плата, растот на БДП изнесува 13,1 отсто, а стапката на невработеност е на најниски 15.9%.

Арсовска се грижи само за зголемување на приходите на бизнисмените, а не на работниците. Затоа на 17 октомври ја чека убедлив пораз и казна од граѓаните за нејзиното арогантно и антинародно однесување“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Една недела нема одговор од Савески за Алта банка и кривичната – им купува време на Мицкоски и Славески?

А1он

СДСМ: Мицкоски и Кочоска најавуваат задолжување од 2 милијарди евра во 2027 година

А1он

(ВИДЕО) Тренчевска: Насилникот од Охрид не е сам – проширување на истрагата и казни за сите што му помагале да се заташка

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски