СДСМ: Какво лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ блокира закон за повисоки плати на наставиците, а предлага амандмани

Од:

„Лицемерен е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите во јавниот сектор кога целата јавност гледа дека истата таа партија 10 месеци ги блокира законските измени со кои 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување и поголеми плати“, реагира СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како што Владата веќе најави и кажа на економско -социјалниот совет, дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ преговори и социјален дијалог а не преку несоодветни, популистички амандмани.

СДСМ за четири и пол години во три наврати ја зголемува минималната плата и денес таа е двојно поголема отколку во 2017 година.

Покрај минималната плата, во овие четири и пол години бележиме сериозно зголемување и на платите во образованието, здравството, детската и социјалната заштита, полицијата, судството и одбраната…

Со СДСМ платите растат многу побрзо, остануваме посветени на реализација на мерките и политиките кои обезбедуваат повисок животен стандард за сите граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот