(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Ристески да каже каде се неколку милиони евра за новата канализациска мрежа

Од:

По вчерашните поплави во Прилеп, Марјан Ристески и ВМРО ДПМНЕ треба да одговорат, како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп?, прашува СДСМ од Прилеп.

„После само еден час интензивен дожд, покрај тоа што Прилеп повторно наликуваше на Венеција, на видело излезе целата неспособност и нестручност во изградбата на канализационата мрежа.

Кој ги бираше изведувачите, дали се вршеше надзор над нивната работа, какви пропусти се направени во градежните зафати на терен, се прашања за кои нема да дозволиме да останат неодговорени.

За поплавите, штетите по општинскиот и приватниот имот и потенцијалните зарази од истечените фекалии по улиците на градот, како и за сите неправилности во изградбата мора да има морална, законска и политичка одговорност.
СДСМ уште од самиот почеток на проектот алармираше и укажуваше.

Проектот пречистителна станиза во Прилеп беше дел и од аферата со бројните фирми во куќата на поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Граѓаните знаат дека и фирмите на изведувачот и надзорот беа сместени во куќата на Јанакиески и дека за градежните активности беше ангажирана фирма на негови роднини.

Потребна е целосна ревизија на трошењето на средствата од проектот за пречистителната станица и тоа ќе го направиме.

Дополнително, алармиравме и за некадарноста на општинскиот штаб за справување со кризи, а советничката група на СДСМ ја напушти седницата кога се формираше истиот, од причини што во него е вклучен скоро целиот Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден професионалец. Штетата од таквиот кризен штаб, за жал, и на сопствен грб, ја осетија граѓаните на Прилеп“, велат од СДСМ Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски