СДСМ: Како најнеуспешен директор на ЕСМ, Мицкоски треба да молчи на тема енергетика

Од:

„Христијан Мицкоски ќе остане запаметен како најнеуспешен директор на Електрани на Северна Македонија (поранешно ЕЛЕМ) и затоа најдобро му е да молчи на тема енергетика“ реагира СДСМ на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Имаше можност Мицкоски и како директор и како советник за енергетика на Никола Груевски да направи многу на тема енергетика, на тема еколошки и обновливи извори на енергија.

Но наместо тоа во негово време беше укината евтината тарифа на струјата, цената на електричната енергија се зголеми за 100 отсто, а државата беше зависна од увоз на скапа електрична енергија.

Тоа се „резултатите“ на Мицкоски во енергетиката, затоа денеска никој не верува во неговите ветувања.

Денес Мицкоски копира проекти за гасификација на домаќинства, ги копира концептите „Парите назад кај граѓаните“ и “Едно општество за сите“ на СДСМ кога веќе не може да понуди свои оригинални.

Граѓаните знаат колку Мицкоски е неодговорен, нечесен и несериозен и затоа одново ќе го казнат на следните избори“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија