СДСМ: Како на Валентина Стефановска и биле овозможени ноќевања од неверојатни 282 евра?

Од:

Денес влегов во хотелот изграден во катната гаража чии инвеститор беше поранешниот градоначалник на Центар од ДПМНЕ. Ми кажаа дека едно ноќевање чини 80 евра. Се прашувам како тој градоначалник со леснотија потпишувал патни налози со кои на најомилената скулпторка на премиерот, Валентина Стефановска, и дозволувал долги и многу чести ноќевања за неверојатни 282 евра, прашува Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

Очигледно дека Валентина имала префинет вкус и високи барања. За само 282 секунди истражување на интернет може да се види дека:

1) Во хотелот „Торнабуони“, во строгиот центар на Фиренца, ноќевања, и тоа во апартман чини 90 евра. Очигледно тоа не било доволно добро.

2) И хотелот „Фиренц Суит“, исто така во центарот на Фиренца ноќевање чини 130 евра, не ги исполнувал условите на пребирливата Валентина.

3) Ноќевање во одличниот хотел „Атлантик Палас“, погодувате, во центарот на Фиренца, чини 170 евра. Но, замислете, и тоа не било доволно добро.

4) Дури и еден од најскапите и најлуксузните хотели во Фиренца, „Палацо Толомеи“, со пет ѕвездички, во кој има оригинални фрески, теракоти, илустрации и уметнички дела од Ренесансата, во кој едно ноќевање чини 200 евра, не бил доволно добар за Валентина Стефановска;

Валентина со одлука на Груевски и Тодоровиќ стана милионер. Преку ноќ. Очигледно почнала и да се однесува така: барајќи хотели поскапи од најскапите или спиејќи во кралските хотелски апартмани.

Проблемот е што тоа го правела со парите на македонските граѓани. И за тоа некој мора да одговара.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ, одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

Горан Наумовски