СДСМ: Јанушев не може да понуди ништо ново освен криминал, корупција и злоупотреба на функцијата

Од:

„Јанушев не може да понуди ништо ново освен криминал, корупција и злоупотреба на функцијата на штета на граѓаните.
Целосно безидејна и заробена од криминалните структури, ВМРО-ДПМНЕ нема што да им понуди на граѓаните освен добропознатите извршители на бегалецот од правдата Никола Груевски. Наместо визија за просперитет и напредок, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски на граѓаните во третата изборна единица им го понуди Игор Јанушев, близок соработник и продолжена рака на Груевски, директно поврзан со режимот и неговото криминално владеење. Јанушев не може да понуди ништо ново освен криминал, корупција и злоупотреба на функцијата на штета на граѓаните. Граѓаните добро се сеќаваат на неговото недомаќинско и криминално работење во времето кога беше директор на Јавното сообраќајно претријатие во Скопје“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Игор Јанушев е човекот кој што, преку набавката на двокатните автобуси за град Скопје од Кина, се сомничи дека направил штета на буџетот во износ од пет милиони евра. Тој е дел од скандалозниот проект за изградба на „Панорамското тркало“ за 18,3 милиони евра. Блискиот соработник на Груевски, кој сеуште ги брани сите негови криминали и го брани незаконското богатење на ВМРО-ДПМНЕ, знае само да работи на штета на граѓаните и да краде народните пари. За Јанушев демократија и чесно работење е кога неговата партија штанца лични карти во изборни цели, кога на сомнителен начин изнајмува автобуси на ЈСП Скопје за митинзи на ВМРО-ДПМНЕ. За него правда е кога функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните блиски крадат и се богатат, но за тоа не одговараат. За него правда е кога со криминал и злоупотреби ВМРО-ДПМНЕ станува најбогата партија во Европа, но за тоа нема одговорност. Затоа со сили се трудеше случаите што ги покрена СЈО да не преминат во Јавното обвинителство и бараше амнестија за криминалните структури во ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението од СДСМ.

„Колку е деструктивен и неодговорен Јанушев говори фактот што додека сите институции се посветени на бескомпромисна борба против вирусот Ковид 19, тој заради партиски и лични цели неосновано го напаѓа министерот Венко Филипче и здравствените и институции. ВМРО-ДПМНЕ со оваа понуда си обезбеди сигурен пораз на 12 Април. ВМРО-ДПМНЕ и Игор Јанушев се минато и симбол на криминалот и неправдата. Граѓаните ќе ги казнат овие политики и ќе го поддржат развојот, напредокот и чесните политики што ги нуди СДСМ“, пишува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

Платформата 12:05 ги достави предлозите за промени во СДСМ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ затоа што не сака европско обвинителство

СДСМ бара итна смена на Стоилковиќ: Го обвини за учество во кампања за Вучиќ