СДСМ: Јалови се обидите на Никола Груевски

Од:

Јалови се обидите на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, да избегнат одговорност за состојбите во земјава, по се почестите и по директни негативни извештаи за Македонија од релевантни меѓународни организации, велат од СДСМ.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, преку медиумите под своја контрола, се обидуваат да ја дискредитираат Фридом Хаус, којашто во светски рамки важи за една од најрелевантните организации, што го мерат индексот на демократија.

Гневните текстови на провладините медиумите, само ја потврдуваат вистината дека Груевски ја уназади Македонија за цели 10 години.

Нервозата е дотолку поголема, што за прв пат во Извештај на меѓународна организации зборот “режим” директно се споменува.

Тоа е проблемот на Никола Груевски. Со директни зборови е посочена вистината за тоа што се случува во земјава, дека во Македонија владее хибриден режим, односно празна демократија, во којашто изборите се оддржуваат само како параван, зад којшто се крие ускратување на правата на граѓаните за информирање за вистинските активности на политичарите кои се на власт.

Груевски сам кажа, вистината е како шило !

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он