СДСМ: Ја вративме слободата на медиумите

Од:

„СДСМ и владата којашто ја предводи, успеа да стави крај на насилството врз новинарите и да обезбеди слобода на медиумите.

Ова се признава и потврдува и во најновиот извештај на Парламентарното Собрание на Советот на Европа кој наведува дека од 2018 година Република Северна Македонија се издвојува од другите земји на поранешна Југославија преку намален притисок и гонење на новинарите“, велат од СДСМ.

„Во извештајот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа се нагласува ситуацијата во Северна Македонија во 2017 година, кога новинари беа претепани додека покриваа демонстрации пред парламентот, на над 20 им биле упатени закани или им било попречено известувањето од местото на настанот.

Сега заложбите на СДСМ за слободни медиуми се потврдуваат.

Додека , за време на режинот на ВМРО-ДПМНЕ, 11 години не смееше да се зборува, имавме заробени институции и медиуми, затворање и заплашување на новинари, загрозени човекови права, поделби и етнички тензии, денес живееме во слободна држава.

Напредокот што го постигнува нашата држава во делот на медиумските слободи, јасно ја покажува нашата заложба за слободни, професионални и независни медиуми.

Слободата на медиумите за нас е врвен приоритет и ќе продолжиме посветено да ја обезбедуваме на сите нивоа. Режим никогаш повеќе!“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он