СДСМ ја поднесе иницијативата за зачувување на македонскиот јазик

Од:

СДСМ до Владата и до Министерството за култура на Република Македонија поднесе иницијатива со предлог мерки за зачувување и унапредување на македонскиот литературен јазик – „Македонскиот јазик е нашата татковина“.

„Сметаме дека непотребно се омаловажува македонскиот јазик, дека недоволно се работи на неговата промоција и дека е непресметано затварањето на лекторатите кои Македонија ги имаше во повеќе држави. Трите групи на мерки кои ги предлага СДСМ, а за кои јавноста е информирана, се однесуваат на – негување на литературниот македонски јазик во татковината; – унапредување и почитување на македонскиот јазик во светот и меѓу нашите иселеници и македонското малцинство во соседните земји, како и на квантитативна и квалитативна продукција во издаваштвото“, изјави Гордан Георгиев, потпретседател на СДСМ.

Ако Владата застане против мерките, таа не застанува против опозицијата, таа им застанува на патот на граѓаните при остварување на правото да го зачуваат својот идентитет и јазик, рече Георгиев

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар