СДСМ изразува почит за одлуката на Филипче

Од:

Од СДСМ преку соопштение изразуваат почит за одлуката на министерот за здравство Венко Филипче да поднесе оставка од функцијата.

„Истрагата што надлежните институции ја спроведуваат во соработка со меѓународни експерти, ќе ги даде одговорите за сите прашања поврзани со трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово. Ефикасната и брза истрага ќе даде дополнителна потврда за капацитетноста на институциите и нивната професионална посветеност. Особено го поздравуваме ангажманот на врвните германски експерти за форензика кој треба да донесе дополнителна вредност во процесот на истрага. Истовремено, како партија изразуваме почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка и ги почитуваме одлуките и на заменикот министер за здравство и директорите на болницата во Тетово“, велат од СДСМ.

Според нив, одлуката на министерот за здравство Филипче е поттикната од чувството на морална одговорност и ја отсликува неговата посветена, чесна работа како одговорен министер.

„Министерот Филипче е пример за одговорен политичар кој избра да им служи на граѓаните и да се бори за нивното здравје и нивните животи“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните