СДСМ: Изградени се или во тек е изградба на скоро 70 градинки низ целата држава

Од:

„Грижата за најмладите и детската заштита се правиот пат и остануваат главен приоритет на Владата предводена од СДСМ.

Се обезбедуваат квалитетни услови за правилен детски развој преку јакнење на знаењето и вештините на кадарот во градинките како и преку проширување на капацитетите на градинките.

За две години изградени се или во тек е изградба на скоро 70 градинки на територијата на целата држава“, се вели во соопштението на СДСМ.

„Исто така, потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен.

Бројот на деца вклучени во предучилишна грижа и воспитување постојано расте.

Денес, детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

Со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

Паралелно се подобруваат условите во градинките и се инвестира во човечките ресурси во градинките преку значително зголемување на платите и зајакнувањето на компетенциите на кадарот во истите.

На прав пат сме, остануваме посветени на развој и унапредување на детската заштита“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он