СДСМ: Изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ неисполнети

Од:

Коалицијата „Сојуз за иднината“ денеска обвини дека се лажни ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ за инвестиции од осум милијарди евра дадени пред четири години во пресрет на тогашните локални и претседателски избори.

Сафет Бишевац од Изборниот штаб на Сојузот на иднината на прес-конференција оцени дека по четири години од дадените ветувања, во Македонија има рекордна невработеност и опаднат стандард, а задолженоста на државата е над 1,5 милијарди евра.

„Не само што ги нема 8-те милијарди, туку Груевски ја задолжи државата преку 1,5 милијарда евра. Единствената видлива инвестиција е финансиското злосторство кое е тешко речиси половина милијарда евра, фрлени на камен, бронза, златни ангели, огради и жални врби во „Скопје 2014“.

– Поплавите се најдобра потврда за неодговорното однесување на власта. Приказните и скапите реклами за реформите, инвестициите и економскиот развој станаа предмет за исмејување и централна тема за хумористични скечеви и комедии“, рече пратеникот Сафет Бичевац.

Обвини дека околу половина милијарда евра се потрошени за проектот „Скопје 2014“, а потврда за неодговорното однесување на власта се поплавите што ја зафатија државата.

„Токму затоа на овие локални избори, гласовите на граѓаните имаат двојна вредност. Покрај изборот за градоначалници и советници, со својот глас граѓаните имаат можност да ги казнат лагите и манипулациите на оваа власт, да го делегитимираат режимот и да пружат отпор на насилието и диктатурата која се спроведува“, истакна Бишевац.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски