СДСМ: Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 60 илјади гласови е факт

Од:

На слободни, фер и демократски избори Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поразени. Граѓаните ги поразија деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и не дозволија нов Иванов, не дозволија нов кочничар туку избраа напредок и заедништво, реагира СДСМ, на прес-конференцијата на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.

Причините за поразот на претседателските и на предвремените локални избори Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да ги бараат само кај себе, во лошиот начин на којшто се однесуваат кон граѓаните, кон државните интереси, кон напредокот на државата и интеграциите. На кристално чисти, фер и демократски избори, Гордана Сиљановска и ВМРО-ДПМНЕ убедливо загубија.

Изборниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 60 илјади гласови е факт. Исто како што е факт дека ВМРО-ДПМНЕ загуби и во Ново Село, а загуби и во општина Охрид со близу 4.000 гласови разлика. Толку за несоодвените споредби на ВМРО-ДПМНЕ.

Накусо, граѓаните упатија јасна порака дека сакаат државата да продолжи напред, кон ЕУ и НАТО, граѓаните не сакаат враќање назад, блокади, режим.

Единственото точно во денешната прес конференција ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните покажаа дека сакаат промени во претседателскиот кабинет и тие промени се случија.

Оттука, наместо да бара алиби за поразот ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за промени внатре,
во сопствените редови.

Одлуката на граѓаните е јасна и силна како ден: Република Северна Македонија да продолжи да
се гради како демократско општество за сите,земја членка на ЕУ и НАТО, економски силна и
напредна, смета СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: ЕУ отвора врата за проширувањето, не смееме да ја пропуштиме оваа шанса

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

ВИДЕО: СДСМ се повлече од Комисијата за финасирање, ќе поднесе кривична за Гаши

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски