СДСМ: Изборите треба да се одржат веднаш по стабилизирање на пандемијата

Од:

„На граѓаните им се потребни функционални институции, враќање на нормалниот колосек на европските интеграции и затоа, штом се стабилизира епидемијата, во првиот можен рок треба да се реализираат изборите.

Веднаш штом здравството и епидемиолозите потврдат дека вирусот е под целосна контрола, треба да продолжи изборниот процес и изборните дејствија, онаму каде што застана на 12 април за веќе закажаните избори“, велат од СДСМ.

„Справувањето со пандемијата со коронавирусот принудно го стопираше изборниот процес непосредно пред стартот на предизборната кампања.

А, демократијата бара Собранието да ја контролира извршната власт и да биде на располагање за нови одлуки, со полн мандат од граѓаните.

Тоа е причина повеќе да продолжиме по патот на обезбедување на новата нормалност, која веќе сите ја живееме. Одговорноста на политичките партии и на институциите е да направат се, колку може побрзо да го обезбедиме нормалното секојдневие на граѓаните.

Ги повикува сите граѓани на уште поголема внимателност и посветеност при почитувањето на мерките и препораките за заштита од коронавирусот.

СДСМ ќе продолжи да се однесува крајно одговорно и секој следен чекор, како и до сега, ќе биде исклучиво во функција на сигурната иднина на граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата