СДСМ: Изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата

Од:

„Христијан Мицкоски во време на оваа сериозна здравствена криза се однесува несериозно и се обидува политички да профитира на здравјето на граѓаните, а кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во преодната Владата работат на штета на граѓаните и државата.

Мицкоски на граѓаните им нуди само лажни вести и деструкција. Додека ги лажеше граѓаните дека нема доволно тестови за коронавирусот, дека поради кризата 140.000 луѓе останале без работа, тој си вежбаше во затворена теретана и во група се качуваше по Водно“, велат од СДСМ.

„Откако не му успеаја обидите за создавање неоснована паника во јавноста сега Мицкоски прави сè државата да ја заглави во неизвесност и криза и да нема избори, бидејќи добро знае дека ќе биде поразен.

Затоа изборите се решение за проблемот наречен Мицкоски и неговите кадри во Владата.

Со ново Собрание и со нова политичка Влада со целосен легитимитет институциите ќе бидат посветени на обезбедување на законите во државата и заштита на здравјето на граѓаните.

Само на тој начин уште поефикасно ќе се справиме со последиците од досегашната епидемија, но и ќе бидеме поподготвени да го дочекаме септември и очекуваниот нов бран на вирусот“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата