СДСМ: Избори на 12 април, за нов пораз на режимот, за нов пораз на извршителот Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта

Од:

„Парламентарни избори на 12 април ќе има а тогаш ќе има и нов пораз на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ, нов пораз на извршителот Христијан Мицкоски и неговиот шеф од Будимпешта Никола Груевски.

Мицкоски од белиот дворец на граѓаните им нуди враќање назад, дејствување против Устав, против добрососедските односи, дејствување против интересите на граѓаните и на државата“, се вели во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Понудата на Мицкоски е сведена на блокади, деструкции и обиди за обнова на режимот, кој ја држеше земјата во изолација, скарана со соседите, заглавена во криминал и корупција, со сваровски судство и услови за богатење на поединци на врвот на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните тоа го гледаат и затоа на 12 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги очекува нов убедлив пораз од граѓаните.

На претстојните избори граѓаните уште еднаш ќе ги поразат погубните политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ раководено од Будимпешта.

На 12 април граѓаните ќе порачаат – режим никогаш повеќе!“, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он