СДСМ: Иванов и во пензија се однесува расипнички и се расфрла со парите на граѓаните

Од:

Додека актуелните носители на јавни функции штедат и значително ги намалуваат трошоците, Ѓорге Иванов, човекот кој ја извршуваше функцијата претседател и во пензија продолжува со расипничко трошење на парите од Буџетот, велат од СДСМ преку соопштение.

„Срамно и неодговорно е Иванов да ја демантира Државната комисија за спречување на корупцијата и да тврди дека не плаќа месечен закуп од 4.500 евра туку „само“ 1.950 евра. Научен на расипништво и непочитување на институциите Иванов треба да знае дека вкупните месечни трошоци изнесуваат 4.500 во кои влегува и киријата од 1.950 евра за канцеларискиот простор, како и плаќање на комуналните сметки, плати за тројца вработени и еден возач и пензијата на Иванов.

Дури и да се земе предвид само закупнината повторно се гледа расипништвото на Иванов. Ако се погледне во Алатката за отчетност, за месец Мај 2019, вкупните трошоци во ставката ,,Закупнина за стан за фунционери кои живеат надвор од Скопје”, изнесува 157 760 денари и се однесува за 7 носители на јавни функции, или просечно по 22 537 денари по лице, што во споредба со трошокот на Иванов од 120 000 денари е над пет пати помалку.

Според последните информации објавени преку Алатката за отчетност, вкупните лични службени трошоци на членовите на Владата на Република Северна во периодот декември 2018 – мај 2019 се намалени за 26 отсто во однос на првиот мониториран циклус од јуни до ноември 2017 година.

Додека актуелните функционери трошат одговорно и домаќински, Ѓорге Иванов, човекот кој во најголемите кризи не изусти еден збор, денес бесрамно се расфрла со државни пари.“, се наведува во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници